CAT S42 е првиот смартфон со антибактериска заштита

Објавено на 24.11.2020 во Новости



CAT S42 е првиот смартфон со антибактериска заштита

Bullitt го лансираше првиот антибактериски смартфон во светот - CAT S42. Основниот модел е достапен за цена од 229 фунти, додека верзијата со Biomaster технологија ќе стане достапна во 2021 година.

Произведувачот планира да вгради антибактериска опција и кај S52 и S62. Поентата на S42 е да го спречи размножувањето на патегените, а не да ги убива бактериите и вирусите. Сребрените јони вградени во материјалот во текот на производството го постигнуваат тоа. CAT S42 располага со 5.5-инчен дисплеј, Corning Gorilla 5S заштитно стакло, Mediatek Helio A20 чипсет, 3GB RAM + 32GB внатрешна меморија.

Автор: Aleksandar Stankov