Европските болници ќе се дезинфицираат со роботи

Објавено на 25.11.2020 во Новости



Европските болници ќе се дезинфицираат со роботи

Европската комисија во понеделникот изврши нарачка на 200 роботи за дезинфицирање на болниците во вредност од 12 милиони евра, кои ќе бидат испорачани на болниците низ цела Европска Унија.

Болниците од повеќето држави членки покажале интерес за такви роботи што може да ги дезинфицираат стандардните болнички соби, користејќи го ултравиолетовото светло во рок од 15 минути. Целиот процес е контролиран од личност што се наоѓа надвор од просторите што се дезинфицираат со цел да не бидат изложени на ултравиолетови зраци.