Baby Yoda и Mandalorian ќе се борат и во Fortnite?

Објавено на 25.11.2020 во Новости



Baby Yoda и Mandalorian ќе се борат и во Fortnite?

Baby Yoda е апсолутен хит меѓу младата популација и децата ширум светот благодарение на новата Star Wars серија која веќе ја емитува втората сезона на The Mandalorian. Уште повозбудливи вести доаѓаат со можноста двата главни ликови да бидат дел и од новата сезона на популарната Battle Royal игра Fortnite.

Во серијата главниот лик е ловец на глави кој има задача бебето Јода да го пренесе низ галаксијата за да не падне во рацете на злобната империја. Овие ликови може да бидат дел и од Fortnite за што гејмерите ќе треба да ја платат сезонската карта, на играта која инаку се инсталира бесплатно.

Star Wars франшизата е во сопственост на Disney, а оваа компанија веќе соработуваше со Epic Games позајмувајќи повеќе ликови меѓу кои и Iron Man, херојот на Marvel филмовите и стриповите.

Автор: Aleksandar Stankov