Ќе добие ли Европа компактен електричен автомобил од Tesla?

Објавено на 25.11.2020 во Новости



Ќе добие ли Европа компактен електричен автомобил од Tesla?

Елон Маск има нов план за освојување на европскиот пазар, со лансирање на нов компактен електричен автомобил кој повеќе ќе одговара на потребите на возачите во европските градови.

„Можеби во Европа би имало смисла да се направи, претпоставувам, компактен автомобил, можеби хечбек или нешто слично“, рече Маск на европската онлајн конференција за батерии организирана од германската влада.

Маск и самиот признава дека кога го возел Model S електричниот седан, имал проблеми да најде соодветно паркинг место каде ќе го собере долгиот автомобил во германската престолнина Берлин. 

Автор: Aleksandar Stankov