„Летив кров“... Tesla Model S со кров што лета во возење

Објавено на 25.11.2020 во Новости



„Летив кров“... Tesla Model S со кров што лета во возење

Видео е објавено на интернет со Tesla Model S, со кров како лета за време на брзо возење. На видеото јасно се гледа како се одвојува кровот од престижното електрично возило на Tesla Motors, кое очигледно развива висока брзина.

This is what it looks like when the roof flies off from r/teslamotors

Компанијата на Илон Маск не го негира овој проблем, напротив, признава дека постојат одреден број на Model Y автомобили, кои имаат проблем со кровот. Сите што објавиле видео со својот Tesla „кабриолет“, имаат понуда за бесплатна поправка на трошок на компанијата. Доволно фер, зар не? Погледнете го видеото за да се уверите во проблемот.

Новото видео всушност е со Model S, кое е објавено на Reddit и YouTube.