Шефот за безбедност во Apple: Јас тебе 200 iPad-а, а ти мене дозвола за оружје

Објавено на 26.11.2020 во Новости



Шефот за безбедност во Apple: Јас тебе 200 iPad-а, а ти мене дозвола за оружје

Против шефот за безбедност во Apple е подигнато обвинение за мито што сакал да го даде на шефот на полицијата. Томас Мојер сакал да го поткупи службеникот од Санта Клара за да добие дозвола за носење оружје.

Обвинителот Џеф Розен, наведува дека Мојер му понудил 200 iPad-а на полицискиот капетан Џејмс Џенсен, во замена за дозвола за носење скриено оружје за вработените во Apple. Сите уреди вкупно имаат вредност од 70.000 долари. Истрагата на полицијата траела 4 години, при што станува збор за четири наведени дозволи за оружје.

iPad уредите никогаш не биле доставени, а адвокатот на Мојер тврди дека неговиот клиент е невин. Според него Мојер бил само „колатерална жртва“ во расправијата помеѓу канцеларијата на шерифот и канцеларијата на окружното обвинителство. Тој не направил ништо лошо и секогаш се однесувал одговорно во цела своја кариера. Apple нема официјален коментар за овој настан.





Прочитајте повеќе: