Џим Рајан потврди: „Се е распродадено“, Sony PlayStation 5 се продава како алва

Објавено на 26.11.2020 во Новости



Џим Рајан потврди: „Се е распродадено“, Sony PlayStation 5 се продава како алва

Sony и Microsoft се во фокусот на вниманието кај страстните корисници на конзоли за играње. Новата генерација на конзоли конечно од овој месец се достапни за продажба, само не се секаде подеднакво стигнати. Оние што не извршија преднарачка за PlayStation 5, веќе планираат да го купат кога ќе се појави во малопродажба.

Врз основа на тоа, се очекува огромна распродажба на сите произведени единици, со оглед на тоа што Sony веќе извести дека корисниците покажале огромен интерес со бројот на нарачки. Се разбира, ситуацијата со COVID го направи своето и ги направи децата и делумно возрасните повеќе зависни од гејмање во домашни услови.

Извршниот директор на Sony Interactive Entertainment, Џим Рајан, потврди дека има огромна побарувачка за PlayStation 5, а се очекува трендот на зголемена побарувачка да продолжи и понатаму. „Се е распродадено. Апсолутно се е распродадено“, коментирал Рајан за медиумите. Тој вели дека сите овие години потрошил многу време за да привлече поголем број на гејмери, а сега троши многу време за да се зголеми производството и да ја задоволу побарувачката за новите конзоли.