Астероид со големина на облакодер се приближува кон Земјата

Објавено на 26.11.2020 во Новости



Астероид со големина на облакодер се приближува кон Земјата

Покрај планетата Земја на 29 ноември ќе помине ретко голем астероид кој според астрономите има површина колку највисоката зграда на светот Бурџ Калифа, но можностите за удар се минимални. 

Овој гигант нема да остане долго покрај нас затоа што, и покрај големината, се движи со брзина од 90.000 километри на час.

Заради споредба, просечната брзина на куршумот е околу 4500 километри на час.

Астероидот е со големина од 823 метри, што е за пет метри помал од висината на Бурџ Калифа во Дубаи. Тој нема да биде видлив за повеќето на Земјата, бидејќи е оддалечен повеќе од 4,3 милиони километри од нашата планета.

Во меѓувреме покрај Земјата ќе поминат уште пет астероиди, од кои најголемиот е со дијаметар од 47 метри.