Apple меѓу првите големи брендови со инфлуенсери на TiKTok

Објавено на 26.11.2020 во Новости



Apple меѓу првите големи брендови со инфлуенсери на TiKTok

Apple е еден од првите големи технолошки брендови кои вложи средства за маркетинг преку инфлуенсери на TikTok и тоа за кампања за промоција на новиот помал модел iPhone 12 mini.

Снимени се четири кратки видеа со ефекти од различни инфлуенсери и сценариото е секаде исто, големи предмети се смалуваат магично. 

Така на пример големиот iPhone 12 Pro се претвора во iPhone 12 mini. Засега видеата имаат околу 3 милиони преглед и нема информации колку пари се вложени во ваков вид на маркетинг кампања.

Автор: Aleksandar Stankov