Samsung Galaxy S21 ќе се отклучува со гласовна команда?

Објавено на 27.11.2020 во Новости



Samsung Galaxy S21 ќе се отклучува со гласовна команда?

Samsung Mobile може да воведе неколку новитети кај претстојниот премиум модел Samsung Galaxy S21 претежно во софтверскиот дел со новата верзија на корисничкиот интерфејс One UI 3.1.

Новите информации откриваат дека постои голема можност Samsung Galaxy S21 да се отклучува со гласовни команди преку биометриски параметри на апликацијата Bixby.

,Оваа идеја може да се покаже како несигурна доколку некој успее да го сними вашиот глас и потоа со снимката да го отклучи уредот наместо вас за да направи злоупотреби.