Што готви кујната на Apple за 2021: Зајакнување на хардверот и ново-дизајнирани уреди

Објавено на 28.11.2020 во Новости



Што готви кујната на Apple за 2021: Зајакнување на хардверот и ново-дизајнирани уреди

Екипата во Apple не ја почувствува пандемијата на лош начин, туку имаше профит, и покрај тоа што лансирањето на новиот модел на iPhone беше малку одложен. Apple успеа да ја преброди најпредизвикувачката година без проблеми.

Минг-Чи Куо вели дека можеме да очекуваме два големи компјутери со Apple процесори, со промени во дизајнот на компјутерот и часовниците. Новиот MacBook следната година ќе биде со M1 процесори, а ќе имаат и нов освежен дизајн, веројатно станува збор за новиот 14-инчен и 16-инчен модел на MacBook Pro, а можеме да очекуваме и промени во дизајнот на iMac (се спомнува 24-инчената верзија), како и новиот Mac Pro. Треба да се нагласи дека нема да бидат претставени сите модели следната година со Apple процесори, туку некои ќе бидат со Intel хардвер.

5G ќе имаат нови модели на iPad, како и новата технологија во екраните (Mini-LED), додека Куо нагласува дека последниот модел на iPad Air се продава подобро од очекувањата. Така следната година може да се очекува и нова генерација на AirPods, а 2021 ќе донесе и нов дизајн на смартчасовниците. Освен промени во дизајнот на новата генерација на Apple Watch, ќе има и некои иновативни и напредни опции за следење и анализа на здравјето.

iPhone серијата ќе биде составена од четири нови модели, кои ќе бидат со иста дијагонала на екранот, со фокус на широкоаголните леќи, и со автофокус на Pro моделите.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: