Криптовалутата Биткоин ќе биде доминантна валута во светот во 2021

Објавено на 28.11.2020 во Новости



Криптовалутата Биткоин ќе биде доминантна валута во светот во 2021

Криптовалутата Биткоин енормно ја зголеми својата вредност за 160% поради огромната побарувачка од инвеститорите, како и од платежните компании што купуваат валути за своите корисници. Инвеститорите проценуваат дека каматната стапка за Биткоинот може да се зголеми на 100 илјади долари годишно.

Аналитичарите за овој пазар проценуваат дека Биткоинот ќе достигне вредност до 288 илјади долари на крајот на 2021 година, а се очекува и надминување на 300 илјади долари. Cash App и PayPal апликациите се достапни за плаќање со криптовалути, преку кои се повеќе се купуваат биткоини, потврдуваат од Пантера Капитал.