Samsung ќе приреди кул изненадување за време на лансирањето на Galaxy S21!?
Објавено на 30.11.2020 во Новости

Samsung ќе го одржи својот Unpacked настан за следната година во јануари, наместо во февруари. Тогаш нема да ги имаме Galaxy Z Fold Lite, Z Fold 3, или Z Flip 3, туку изненадувањето ќе бидат четвртите безжични слушалки.
Минијатурните слушалки ќе се нарекуваат Galaxy Buds 4, така тврдат аналитичарите, но тоа не е потврдено официјално од компанијата. Новите Galaxy Buds ќе добијат надградба со подобрување на квалитетот на звукот, а за таа цел ќе биде подобрена Active Noise Cancellation (ANC) технологијата. Ambient Mode исто така ќе биде подобар, како и батерискиот век ќе биде со безжично полнење од следната генерација.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.