Huawei започна кампања за продолжување на гаранциите, ја продолжува услугата „од врата до врата“

Објавено на 30.11.2020 во Новости



Huawei започна кампања за продолжување на гаранциите, ја продолжува услугата „од врата до врата“

За да обезбеди подобра услуга за своите клиенти, Huawei Consumer Business Group во Северна Македонија го продолжува гарантниот период за сите производи на HUAWEI, вклучувајќи слушалки, таблети, преносни аудио и рутер уреди, чија првична гаранција истекува помеѓу 28 ноември 2020 година и 28 февруари2021 година.За сите нив гаранцијата е продолжена до 1 март 2021 година. *

Информации за гаранцијата на вашиот Huawei уред може да се добијат од апликацијата за поддршка (Услуга->Брза услуга- Предности) или преку официјалната веб-страница на Huawei: https://consumer.huawei.com/mk/support/warranty-query/

Компанијата информира дека од 30 ноември, сопствениците на HUAWEI уреди, без разлика дали сѐ уште се под гаранција или не, може исто така да ја искористат услугата „од врата до врата”на Центарот за услуги на клиенти на Huawei. Ова вклучува бесплатна курирска услуга за корисникот до сервисниот центар и назад, која може да се добие на телфонскиот број 0800 55 550, секој работен ден од 9 до 18 часот. Бесплатнатакурирска услуга за гарантни и вон гарантни паметни телефони, таблети, лаптопи и паметни часовниција покрива целата територија на државата.

Центарот за услуги на клиенти во Скопје, на ул. Борис Трајковски 72, почитувајќи ги ситепрепораки и мерки за претпазливост од КОВИД-19, останува отворен, така што секој клиент може да добие најпогодна и пријатна услуга.