Xiaomi ќе побрза со Mi 11 Pro во почетокот на 2021

Објавено на 30.11.2020 во Новости



Xiaomi ќе побрза со Mi 11 Pro во почетокот на 2021

Xiaomi ќе побрза на почетокот на јануари следната година да го лансира новиот премиум модел Xiaomi Mi 11 Pro за да му парира на Samsung кој го помести распоредот на лансирање на Galaxy S21.

Според кинеските ликстери Xiaomi Mi 11 Pro ќе има Quad HD Plus дисплеј со стапка на освежување на сликата од 120 Hz, ќе работи со најмоќен осум-јадрен Snapdragon 875 процесор, 12 GB RAM, а ќе има и 50 мегапикселна камера на задната страна со повеќе придружни сензори.

За Xiaomi Mi 11 Pro се очекуваат повеќе иновации во дизајнот на предната површина со минимална речиси невидлива рамка и вградени селфи камера и скенер за отпечатоци под самиот дисплеј.