Xiaomi го турна Apple од третото место по број на продадени уреди

Објавено на 01.12.2020 во Новости



Xiaomi го турна Apple од третото место по број на продадени уреди

Xiaomi ги симна Apple од престолот за третата четвртина на 2020 година, како трет најголем продавач на смартфони во светот, тврди истражувачката агенција Gartner. Глобалната продажба на смартфони била за 5.7% поголема во споредба со минатата година, што е еднакво на 366 милиони парчиња во Q3 2020. 

Првата и втората четвртина годинава доживеаја пад од 20%, па затоа ова е одлична вест. Samsung е топ продавачот со 80.9 милиони продадени парчиња, учество на пазарот од 22%, и раст од 2.2%. Со 51.8 милиони продадени парчиња, Huawei е вториот најголем продавач во светот. Од губитоците на Huawei, Xiaomi добро ја искористил ситуацијата и така продал 44.4 милиони парчиња.

Apple, доставил само 40.5 милиони iPhone парчиња во Q3 2020 и доживеал пад од 0.6%. Gartner веруваат дека продажбата е послаба поради одложувањето на iPhone 12 серијата. Останува да видиме дали лидерството на Xiaomi над Apple ќе биде за кратко или така и ќе продолжи. 





Прочитајте повеќе: