Како колекција на стари игри и конзоли вредна половина милион долари завршила во канта?

Објавено на 01.12.2020 во Новости



Како колекција на стари игри и конзоли вредна половина милион долари завршила во канта?

Сигурно многумина од вас по дома имаат понекоја стара конзола за видео игри или стари наслови кои собираат прашина, но еден колекционер од Њујорк собирајќи вредни предмети стигнал до вредност од над половина милион долари.

За жал, наместо да го дочека денот кога овие вредни носталгични предмети ќе бидат ставени на аукција, истите биле фрлени во ѓубре од неговата мајка која мислела дека повеќе не му се потребни.

Колекционерите ги чувал насловите во семејната куќа и отпосле дознал дека неговата мајка практично исфрлила од подрумот колекција вредна половина милион долари.

Колекцијата била составена од голем број на неотпакувани игри за Playstation 1, неколку ретки и стари конзоли од време на аркадните игри, придружна опрема па дури и стрипови.