Кинезите покажуваат дека се нова светска сила со успешното слетување на Чанг на Месечината

Објавено на 01.12.2020 во Новости



Кинезите покажуваат дека се нова светска сила со успешното слетување на Чанг на Месечината

Кина е новата светска сила со амбиции да остави траен белег на Месечината, единствениот природен сателит на планетата Земја. Тие амбции се на добар пат да се остварат со успешното слетување на кинеското вселенско летало Чанг 5 кое ја допре површината на Месечината.

Целта на кинеската мисија е да донесе на Земјата примероци од карпите на Месечината, првпат по 44 години. Претходно, таква мисија спроведуваа САД и Советскиот Сојуз.

Вулканскиот комплекс Монс Римкер во областа Океанска бура или Оцеанус Процеларум е избран за место за слетување на сондата.

Сондата е наречена Чанг по кинеската божица на Месечината.