Salesforce кешира 27,7 милијарди долари за Slack

Објавено на 02.12.2020 во Новости



Salesforce кешира 27,7 милијарди долари за Slack

Виртуелните алатки и виртуелните конференции и семинари, во сегментот на деловната комуникација се топ хит во 2020 година. Затоа сега технолошките компании мора да воведуваат вакви сервиси и софтвери, со цел да се олесни целата ситуација. Згора на се, имаме и 5G револуција годинава. 

Salesforce затоа најавува дека ќе го купи Slack за вртоглави 27,7 милијарди долари, кој излезе на берзата во 2019 година со вредност од 19 милијарди долари. Инаку, Salesforce содржи софтверски алатки за продажба и маркетинг, при што се повеќе луѓе работат од својот дом и од далечина. Се смета дека ова е една од најголемите аквизиции, при што Slack и Salesforce ќе го склучат договорот конечно во 2022 година.