Европа одлучи од 2023 година дигиталните платформи ќе плаќаат данок на ЕУ!

Објавено на 02.12.2020 во Новости



Европа одлучи од 2023 година дигиталните платформи ќе плаќаат данок на ЕУ!

Министрите за финансии на земјите членки на ЕУ го поддржија проширувањето на европските правила за даночната транспарентност на дигиталните платформи како што се Amazon, Uber и Airbnb, кои исто така би требало да плаќаат праведен дел од данокот.

Германското претседателство ги запознало министрите со договорот постигнат на техничко ниво за дополнување на Директивата за административната соработка во областа на оданочувањето. Министрите постигнаа договор што ќе биде упатен на освојувае на пишаната постапка, оти на видео конференција не е возможно носење на одлуки. 

Според новите правила од 2023 година, даночните власти на земјите членки автоматски ќе разменуваат информации за приходите што трговците ги оствариле на дигиталните платформи. Тоа би требало да го спречи затајувањето и избегнувањето на даноци.