Извори на Reuters тврдат дека дојден е крајот на Galaxy Note серијата

Објавено на 02.12.2020 во Новости



Извори на Reuters тврдат дека дојден е крајот на Galaxy Note серијата

Три анонимни извори на Reuters тврдат дека дојден е крајот на Galaxy Note серијата, односно дека во 2021 година повеќе нема да бидат лансирани нови смартфони со голем екран и поддршка за S Pen во овој стил.

Според информациите на новинската агенција главните мотиви се поместување на фокусот на Samsung на новите смартфони со екрани на преклоп и флексибилните смартфони.

Наместо нов Galaxy Note би добиле посебно S Pen како поддршка за премиум смартфоните од Samsung Galaxy S21 како и Galaxy Z Fold3.