Преку ноќ никнуваат и исчезнуваат монолити - Мистерија или измама?

Објавено на 03.12.2020 во Новости



Преку ноќ никнуваат и исчезнуваат монолити - Мистерија или измама?

Интернетот има нова занимација за ширење на теории на заговори. Овој пат со необични и мистериозни монолити кои се појавија на повеќе локации во САД и во Романија.

Момолитот во Националниот парк во Јута беше најатрактивен бидејќи беше идентично изработен како момолитот од култниот филм Одисеја 2001 на Стенли Кјубрик.

По зголемениот интерес на туристите, четврорица локални жители го отстраниле момолитот за да не дојде до загадување на животната средина од зголеменото присуство на луѓе.

Очигледно тактиката за привлекување на туристи е повторена на неколку локации во САД додека пак за Романија се претпоставува дека поставениот монолит е од поодамна и нема поврзаност со новите атракции.

Сепак, и покрај сите рационални објаснувања, на социјалните мрежи многумина го искористија моментот да шират паника и теории на заговори.