Facebook ќе ги блокира антиваксерите кои се против вакцина за КОВИД-19

Објавено на 04.12.2020 во Новости



Facebook ќе ги блокира антиваксерите кои се против вакцина за КОВИД-19

Facebook ја обнови политиката за блокирање на дезинформации поврзани со КОВИД-19 пандемијата, овој пат со опции за отстранување на содржини кои ќе имаат лажни тврдења за вакцините наменети за корона вирусот.

Facebook ќе ги блокира сите тврдења кои се на штета на здравјето на корисниците, сите теории на заговори дека во вакцините ќе има микро чипови и слични небулозни лаги, со цел да не се намали довербата на населението во одобрените вакцини.

Политиката на блокирање постојано ќе се надополнува со новите сознанија на здравствените власти и медицинските експерти па сите теории и лажни вести кои се на штета на справување со пандемијата ќе бидат соодветно третирани.

Автор: Aleksandar Stankov