Путин: Тој што ќе доминира со вештачката интелигенција ќе владее со светот

Објавено на 04.12.2020 во Новости



Путин: Тој што ќе доминира со вештачката интелигенција ќе владее со светот

Рускиот претседател Владимир Путин ќе и наложи на владата да преземе повеќе чекори за развој на вештачката интелигенција во области како медицината, економијата, енергетиката и други општествени сфери.

Путин останува на ставот дека ако една држава или организација има доминантен развој на AI тогаш практично и ќе владее со светот.

Планот на руската влада е до 2024 година да бидат отворени шест нови истражувачки големи центри кои ќе бидат посветени на развој на вештачката интелигенција. 

Неодамна Путин на самитот на Sperbank од виртуелниот асистент Афина беше запрашан дали AI може да ја управува државата. Тој, одговори дека се надева дека не, бидејќи само човек може да донесе такви одлуки за доброто на цел еден народ кои некогаш не мора да се најлогични и најточни.