Ова е најголемиот дрон во светот кој ќе лансира сателити и ракети

Објавено на 06.12.2020 во Новости



Ова е најголемиот дрон во светот кој ќе лансира сателити и ракети

Aevum американската стартап компанија за авионика го претстави Ravn X досега најголемиот дрон на светот кој ќе служи за лансирање на сателити во вселената и ракети.

Дронот е висок 5,4 метри, распонот на крилата изнесува 18,2 метри, а долг е 24,3 метри. Поради овие димензии, се смета за најголемото беспилотно летало на светот.

Ravn X оваа функција може да ја извршува на секои 3 часа, а предност е тоа што не му е потребна лансирна рампа, туку може да полета и слета на било која писта долга барем 1,6 километри.

Aevum склучува договори со американските воздухопловни власти за потребите на армијата и вселенската програма.

Автор: Aleksandar Stankov