Time прогласи 15-годишна изумителка за „дете на годината“

Објавено на 06.12.2020 во Новости



Time прогласи 15-годишна изумителка за „дете на годината“

Прв пат во 100 години од историјата, списанието Time прогласи „дете на годината“, кое имало најголемо влијание на светот во 2020 година. 15-годишната Гитанџали Рао, млад пронаоѓач и научничка, од државата Колорадо е одбрана од Time TV за специјал дете на годината, од вкупно 5000 номинирани, поради користење на технологијата за пронаоѓање на решенија за проблемите како што е зависноста од опиоиди и загадување на чистите води.

Во интервју за Time, водено од актерката Анџелина Џоли, Рао говорела за своето менторирање на другите ученици и своите цели кон „создавање на глобалните заедници на младите пронаоѓачи што би ги решавале проблемите во светот“.

„Учениците со коишто работам, едноставно не знаат од каде да почнат. Сметам дека ако им дадете искра, од која може да почнат, тогаш се менува се. Тоа значи дека една личност повеќе од овој свет сака да ги осмисли идеите за решавање на проблемите“, вели Рао.