Смартфоните преку камерите ќе може да дијагностицираат коронавирус

Објавено на 06.12.2020 во Новости



Смартфоните преку камерите ќе може да дијагностицираат коронавирус

Секој смартфон преку својата камера во иднина ќе може да дијагностицира заразени од коронавирусот, велат научниците од калифорниските универзитети во Беркли и Сан Франциско.

Инвентивниот уред ќе биде едноставен и компатибилен со сите смарт уреди. Нема да имате потреба од скапа опрема, туку ќе треба да имате само смартфон. На тој начин значително ќе се олесни работата на здравствените работници за земање примерок по брза постапка со помош на осетливиот сензор на овој тестер, тврди Даниел Флечер, биоинженер од Беркли.

Автор: Aleksandar Stankov