Откриена тајната на мистериозниот објект што влезе во Земјината орбита

Објавено на 08.12.2020 во Новости



Откриена тајната на мистериозниот објект што влезе во Земјината орбита

Непознат објект влезе неодамна во Земјината орбита, кој се нарекува 2020 SO. Оттогаш кружи околу нашата планета како „мини Месечина“, како што го нарекуваат астрономите. Според неговото досегашно движење и специфично патување околу Сонцето, астрономите заклучуваат дека не станува збор за астероид.

Затоа привлече големо внимание кај НАСА и останатите љубопитни набљудувачи на вселената. И не станува збор за посетители од други планети или галаксии, туку станува збор за дел од ракета лансирана од Земјата, и тоа пред повеќе од 50 години. Изгледа дека станува збор за ракетен дел од Centaur од мисијата на НАСА при лансирањето на лунарниот лендер од 1966 година, која лошо завршила тогаш. Леталото Surveyor 2, наместо елегантно приземјување на површината на нашиот сателит, бил уништен при слетувањето.





Прочитајте повеќе: