Протече првата фотографија со Samsung Galaxy S21+ и S21 Ultra 5G!
Објавено на 08.12.2020 во Новости
Сликата е испратена до YouTuber Sakitech од анонимен извор што не сака да биде идентификуван, на кој се гледа како ќе изгледаат Galaxy S21+ и Galaxy S21 Ultra. Стандардниот модел Samsung S21 не е фотографиран, но јасно е дека тој ќе биде компактната верзија на Galaxy S21+.
Намалената испакнатина за камерата е една од најважните работи овој пат, со три сензори кај Galaxy S21+ и 5 сензори кај Galaxy S21 Ultra. На протечената фотографија нема спецификации, но се претпоставува дека Galaxy S21 Ultra ќе има 108-мегапиксели главна камера и 12-мегапиксели ултра-широк сензор, плус 10-мегапиксели 3x телефото камера, со 10-мегапиксели 10x перископска камера за зумирање. Петтиот сензор ќе биде со ласерски автофокус.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.