Кина ќе има систем за модификација на времето до 2025 година

Објавено на 08.12.2020 во Новости



Кина ќе има систем за модификација на времето до 2025 година

Кина веќе донесе државна одлука дека до 2025 година ќе може да креира вештачки врнежи на дожд со површина до 5,5 милиони квадратни километри. Најголемата азиска земја развива „систем за модификација на времето“, со што ќе се извршат истражувања за клучни теми. Технологијата и услугите ќе го достигнат својот врв до 2035 година. 

Целта на сето тоа е превентивно испитување и проценување на евентуални природни несреќи, големи пожари, претерани високи температури и суши. Не е прв пат Кина да експериментира со модификација на времето, а доказ за тоа е што за време на Олимписките игри во 2008 година во Пекинг, имале технологија за намалување на дождот за време на отворањето на игрите. Тоа било извршено со распрскување на супстанции во воздухот, со што облаците се приближувале едни до други. 

Автор: Aleksandar Stankov