Првиот електричен автомобил што никогаш не треба да се полни

Објавено на 09.12.2020 во Новости



Првиот електричен автомобил што никогаш не треба да се полни

Новиот електричен автомобил претставен од американската компанија Aptera нема да мора воопшто да да се полни, тврдат тие. Просечните возачи нема да мора да го полнат. Aptera предвидуваат дека нивниот најдобар модел има автономија на движење од 1600 километри со батерија со моќност од 100KW.

Нивниот градски двосед на три тркала има соларни ќелии, кои дневно може да ја вратат енергијата на батеријата доволно за 72 километри возење. За повеќето градски возачи, тоа е повеќе од доволно на дневно ниво со просечна потрошувачка, кога станува збор за исклучиво градско возење. Never Charge технологијата ја држи батеријата полна. На годишно ниво нивниот соларен погон произведува енергија доволно за 17,600 километри возење во повеќето делови од светот.