Samsung One UI 3 доаѓа со Android 11 и го подигнува корисничкото искуство на ново ниво

Објавено на 09.12.2020 во Новости



Samsung One UI 3 доаѓа со Android 11 и го подигнува корисничкото искуство на ново ниво

Освежениот дизајн, подобреното управување и поголемата контрола на содржината ќе го направи мобилното искуство полесно и поедноставно за милиони Samsung корисници низ целиот свет.

Скопје, 09. декември 2020. – Компанијата Samsung Electronics го најави официјалното лансирање на најновото ажурирање за одбрани Galaxy уреди – One UI 3. Ова ажурирање носи нов возбудлив дизајн, подобрени содржини и висок степен на прилагодливост, а ќе биде достапно со оперативниот систем Android 11. Освен што го прави корисничкото искуство далеку подобро, оваа иновација ја претставува и посветеноста на компанијата Samsung во надградбата на три генерации на оперативни системи (OS) за милиони свои уреди.

One UI 3 ќе започне со претставување на уредите од серијата Galaxy S20 (Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra) во Јужна Кореја, САД и на повеќето европски пазари. Ажурирањето во наредните недели ќе биде достапно во повеќе региони и на повеќе уреди, вклучувајќи ги Galaxy Note20, Z Fold2, Z Flip, Note10, Fold и S10 серијата. Ажурирањето на телефоните од Galaxy A серијата ќе биде достапно во првата половина на 2021. година.

„One UI 3 претставува составен дел од нашата мисија за постојано создавање на иновативни и интуитивни искуства за нашите корисници, во текот на целиот циклус на работа на новите уреди. Неговото лансирање го претставува нашето тежнеење на корисниците на Galaxy уредите да им понудиме најдобро можно мобилно искуство, преку пристап до најсовремените иновации во полето на оперативни системи. Согласно, кога имате Galaxy уред, имате и пристап до новите мобилни доживувања во годините кои следат“, изјави dr. TM Roh, претседател и директор на оделот за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics.

Нов освежен дизајн за подобро естетско доживување

Надградбата на дизајнот кај One UI 3 носи уште поголема едноставност и елеганција, во која можат да уживаат корисниците на Samsung Galaxy паметните телефони. Содржините кои најчесто се употребуваат и посетуваат, како почетниот и заклучен екран, нотификациите и брзи опции, визуелно се подобрени. Новите визуелни ефекти, како затемнувањето/заматувањето на нотификации, на корисниците им помагаат брзо да се концентрираат на она кое им е најважно, а редизајнираните widget-и го оддржуваат почетниот екран на Samsung корисникот организиран и прегледен. 

One UI 3 не изгледа само поразлично, туку нуди и поинакво чувство. Глаткиот ефект на движењата и анимациите, ја прават навигацијата и употребата на Samsung Galaxy паметните телефони вистинско задоволство. Исчезнувањето на заклучениот екран изгледа појасно, прекинувачите глатко лизгаат под прстите, а чувството на притискањето на тастерите е пореално. Префрлувањето меѓу уредите тече поприродно бидејќи One UI нуди единствено, посеопфатно искуство низ Galaxy екосистемот, со поддршка за нови содржини, кои се достапни на сите уреди. 


Подобрени секојдневни содржини со кои е можно да се постигне повеќе 

One UI 3 е насочен кон овозможување на секојдневна едноставност. Преобликуваните One UI widget-и на заклучениот екран помагаат при контрола на музиката и прегледот на важните информации, како настани во календарот или дневните рутини, без потреба за отклучување на уредот. Следењето на пораките и разговорите е поинтуитивно, а нотификациите на апликацијата за размена на пораки се групирани напред и во средина, така што корисниците можат брзо да ги читаат и да одговараат на своите пораки. Изгледот на видео повиците од едниот до другиот раб на екранот, носи ново искуство во комуникацијата кое ги приближува луѓето до оние кои им се најважни.

Со One UI 3, камерата на Samsung уредите станува уште помоќна. Подобреното зумирање на фотографиите, базирано на AI технологија, напреднатиот автофокус и автоматската експозиција, помагаат при креирање на врвни фотографии. Со премин на прстот преку екранот кон горе додека е отворена одредена фотографија, се појавува поврзана група на фотографии. За да бидете сигурни дека ниту еден спомен нема да биде изгубен, уредените фотографии можно е да ги вратите во оригиналниот облик во било кој момент, дури и откако се зачувани. 

Напредната прилагодливост на телефонот

Компанијата Samsung Electronics сака нејзините корисници да имаат слобода на прилагодување на корисничкиот интерфејс согласно своите желби. Без разлика дали преферираат темен начин на работење или го споделуваат својот мобилен Hotspot, отсега тоа е можно со едноставно повлекување на прстот или со допир преку новиот начин на прилагодување на полето со брзи опции. Исто така, корисниците можат да споделуваат слики, видео-записи или документи полесно од било кога порано. Благодарение на можностите за прилагодување на листата за споделување, можно е да се „прикачат“ најчесто користените одредишта за споделување, без разлика дали се работи за контакт, апликација за размена на пораки или е-пошта.

Згора на тоа, корисничкиот интерфејс овозможува оддржување на различни профили од професионалниот и приватен живот, со помош на кој веќе не постојат грижи за дали нешто ќе биде пратено на погрешна личност. За понатамошно прилагодување потребно е да се постават widget-ите на почетниот екран и да се прилагоди светлината, со цел подобро да одговара на позадината или да се промени дизајнот и бојата на часовникот на Always On Display-от и Lock екранот. Можно е дури да се додаде видео-запис на екранот на дојдовен/појдовен повик, со цел доживувањето на повиците да биде персонализирано. 

One UI 3 е создаден со земање во предвид на потребите и желбите на корисниците, а вклучува нови дигитални програми, кои помагаат во идентификацијата на нивните навики и напреднување на доживувањата. Како што Samsung продолжува со развивањето на Galaxy искуства, така и One UI ќе има уште повеќе ажурирања со новото лансирање на почетокот на 2021. година. За повеќе информации за One UI интерфејсот, посетете ја www.samsung.com/one-ui.

 

#####
За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.
Со своите идеи и технологија Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на TV уредите, смартфоните, носечките уреди, таблети и дигиталните куќни уреди, мрежните и LSI системи, меморијата и LED технологијата. За дополнителни информации и вести, посетете ја news.samsung.com.