Фејсбук го тужат за да го примораат да ги продаде Вацап и Инстаграм

Објавено на 10.12.2020 во Новости



Фејсбук го тужат за да го примораат да ги продаде Вацап и Инстаграм

Владата и 46 сојузни американски држави го тужат Фејсбук со цел да ги продаде Инстаграм и Вотсап. Федералната трговска комисија на САД и американските сојузни држави поднесоа судска тужба против компанијата на Марк Цукерберг поради злоупотреба на својата доминација, со цел да ги сузбие конкурентите и да ги држи помалите конкуренти под контрола.

Фејсбук се тужи за кпување на Инстаграм во 2012 година за 1 милијарда долари и Вацап во 2014 година, за 19 милијарди долари. Федералните и државните регулатори тврдат дека овие аквизиции треба да се поништат.