Марк Цукерберг ќе мора да продаде се што купил

Објавено на 11.12.2020 во Новости



Марк Цукерберг ќе мора да продаде се што купил

Моќта на Facebook порасна енормно, со тоа што ги купи своите конкуренти Instagram и WhatsApp. Со тоа компанијата на Марк Цукерберг ги изврши можеби најголемите аквизиции во историјата, и држеше досега доминантна позиција на пазарот на социјалните мрежи.

Затоа Владата на САД, заедно со речиси сите американски држави реши да го натера Facebook по судска постапка да ги продаде Instagram и WhatsApp, со цел да ја сузбие неговата моќ на пазарот. Затоа, Марк Цукерберг ќе мора да продаде се што купил досега.