Huawei MatePad (12.9) доаѓа со неверојатен OLED дисплеј од 120Hz

Објавено на 12.12.2020 во Новости



Huawei MatePad (12.9) доаѓа со неверојатен OLED дисплеј од 120Hz

Huawei спрема нов таблет со којшто компанијата планира на пазарот да се натпреварува со iPad Pro на Apple и Samsung Galaxy Tab S7+. Huawei MatePad доаѓа со 12.9-инчен OLED дисплеј со стапка на освежување на екранот од 120Hz. 

Таблетот ќе биде дизајниран со тенки рамки, без punch-hole камера, туку со камера вградена под екранот!? Софтверот ќе биде Huawei PadOS, кој е врз база на Harmony OS, а под хауба ќе има Kirin 9000 процесор. Huawei MatePad ќе биде претставен на почетокот на 2021 година, во комплет со Huawei P50 серијата.

Автор: Aleksandar Stankov