Samsung ги најави новите MicroLED телевизори од 110 инчи „за по дома“

Објавено на 12.12.2020 во Новости



Samsung ги најави новите MicroLED телевизори од 110 инчи „за по дома“

Samsung ја претстави новата технологија за приказ на сликите на телевизорите и најави нова линија на телевизори, кои на пазарите низ цел свет ќе се најдат кон средината на 2021 година. Се работи за MicroLED телевизорите со големина од 110 инчи, кои имаат напредна технологија и приказ на слика на LED екраните.

Првиот Samsung MicroLED екран е претставен уште од 2018 година во облик на „The Wall“ моделот на телевизор како систем од повеќе прилагодливи екрани за професионално користење. Со ново најавениот уред од 110 инчи, Samsung ја направи MicroLED технологијата достапна за корисниците во традиционалниот облик на телевизор.

110-инчениот Samsung MicroLED во споредба со конвенционалните телевизори користи LED светилки со микровеличина, кои потполно ги отстрануваат непожелните сенки и го филтрираат приказот на боите. Оваа технологија креира свој систем на осветлување од самата структура на секој пиксел, кој во конечност генерира светло и боја. Екранот може да прикаже бои во 100% волумен според DCI и Adobe RGB системот, креирајќи широк спектар што снимаат напредните DSRL камери. Резултатот од приказите секако го одземаат здивот донесувајќи живописни бои и соодветното ниво на светлост во 4K резолуција со 8 милиони пиксели.

Доаѓа и со моќниот MicroAI процесор за 4K HDR содржина со реалистична, светла и живописна слика на екранот. MicroLED светилките се направени од долготрајни и издржливи неоргански материјали што ќе траат до 100 000 часа, што е повеќе од една деценија.