САД ја одобри вакцината на Фајзер, наскоро ќе може да се вакцинираат милиони луѓе

Објавено на 14.12.2020 во Новости



САД ја одобри вакцината на Фајзер, наскоро ќе може да се вакцинираат милиони луѓе

FDA издаде итна дозвола за вакцината што Фајзер ја разви со германскиот партнер BioNTech, кој демонстрирал 95% ефикасност во превенција на Covid-19. Вакцината може да се дава на лица на возраст од 16 години и постари. 

Се очекува здравствените работници и постарите лица во установите за долготрајна нега да бидат главните примачи на првата транша од 2,9 милиони дози. Првото вакцинирање ќе се изврши во помалку од 24 часа. „Горд сум што може да кажам дека обезбедивме бесплатна вакцина за сите Американци“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на видео објавено на Twitter.