Pornhub ги игнорирал и „одмаздничките видеа“ со порно материјал

Објавено на 16.12.2020 во Новости



Pornhub ги игнорирал и „одмаздничките видеа“ со порно материјал

Pornhub отстранил дури 80% од сите видеа, што е еднакво на 10 милиони, откако беше реагирано дека има многу содржини со злоставување на деца. И не само тоа, имало многу жени што се жалат дека биле објавени против нивна волја.

Pornhub соопшти дека ја осудува одмаздничката порнографија и дека имаат „најстроги правила во индустријата против одмаздничка порнографија“. 

„Се чувствував шокирано, засрамено и силувано“, изјавила жената што се претставува со името Софи, во разговор со новинарката Викторија Дербишир од BBC. Таа снимала 6 видеа со својот поранешен партнер, но не му дозволила да ги објави после раскинувањето. Дури и кога го пријавила случајот во полиција зашто тој ги објавил снимките, таа не преземала ништо.

Поентата на ваквите „домашни видеа“ или „аматерски видеа“ е што привлекуваат многу гледаност, а со тоа и реклами. Софи не е единствен случај, оти има илјадници жени секоја година што пријавуваат дека се жртви на одмаздничка порнографија, а страницата не се вложила за да го реши проблемот.