Македонскиот тим „eBionics“ победник на младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019/2020“

Објавено на 16.12.2020 во Новости



Македонскиот тим „eBionics“ победник на младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019/2020“

– Во конкуренција на 180 тимови од 36 земји во категоријата на натпреварувачи под 18 години, македонскиот тим eBionics е глобален победник на годинешниов светски натпревар младински предизвик „Генерација без граници 2019/2020“ во Њујорк.

Тимот победи со идејата „VenusArm“ односно бионичка рака печатена со 3Д принтер, а наменета за лицата со недостаток на подлактица од раката.

Тимот „eBionics“, кој ја изработи бионичката рака, го сочинуваат Орхан Багашов – задолжен за дизајнот, Тео Китановски – за програмирањето, Борис Ночески – за менаџирање на социјалните мрежи и Анамарија Илиева – за изработка на веб-страницата. Станува збор за ученици во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, кои работеа под менторство на професорот Иван Чорбев.