Каква беше состојбата со Huawei AppGallery додека Play Store беше во нокдаун?

Објавено на 16.12.2020 во Новости



Каква беше состојбата со Huawei AppGallery додека Play Store беше во нокдаун?

Вчера корисниците на Google имаа огромни проблеми со пристапување до сите сервиси на интернет гигантот, како на смартфон така и на десктоп. Целосно не можеше да се логираат корисниците на Gmail, ниту пак да се користат сервиси кои зависат од логирање со кориснички налог на Google бидејќи сите акаунти се поврзани.
Во помала мера и натаму има одредени проблеми со функционирањето на Gmail, YouTube, Docs и останатите апликации од Google G Suite. Меѓу погодените секако беше и маркетот на апликации и игри Google Play Store од каде не можеше да се прават апдејти, ниту пак да се преземаат нови содржини.
Во меѓувреме доста мирно овој несекојдневен настан за кој се претпоставува дека е резултат на извршен хакерски DDoS напад, го поминаа корисниците на Huawei, особено тие модели кои не зависат од пристапот до Google Mobile Services. 

Корисниците на Huawei AppGallery немаа никакви проблеми со симнување и апдејтирање на апликации, како и на содржини од сопствениот маркет на апликации, ниту пак преку алатката Petal Search за пребарување на APK фајлови и надворешни извори за инсталирање или пристапување до софтвер.

Проценките се дека Huawei AppGallery го достигна третото место на пазарот на мобилниот сегмент за маркети на апликации со над 400 милиони содржини.

Huawei за да ја намали зависноста од Google го лансираше маркетот AppGallery со планиран буџет од околу 1 милијарда долари за привлеување на девелоперите, а исто така нуди и до 85% од сите приходи кои одредена апликација или игра ќе ги оствари на самиот изработувач со што ја наплаќа најниската провизија од сите други маркети на апликации.

Автор: Aleksandar Stankov