Вештачката интелигенција дава одговори што не чека во 2021

Објавено на 17.12.2020 во Новости



Вештачката интелигенција дава одговори што не чека во 2021

Вештачката интелигенција има предности и ограничувања. Од една страна е супериорна во анализата на огромни количини на податоци, но предвидувањето на иднината се уште не и е силната страна.

Авторката Џанел Шејн употребила моќен алгоритам за креирање на текст GPT-3, со цел да добие предвидување на иднината. Со цел да ги провери предвидувањата од GPT-3, одлучила да го измами. Конкретно, го користела алгоритмот што не добил никакви нови информации после октомври 2019 година, односно не знае за пандемијата со коронавирусот и се останато што се случуваше. Му вметнала база на податоци со наслови што би можеле да ги читаме во текот на 2020 година и од системот побарала да ја предвиди иднината, односно да утврди какви наслови би читале во 2021 година:

„Кога орхидеите убијци напаѓаат: Кога орхидеите убијци се појавуваат во американските задни дворишта“

„Научниците се плашат дека во нашиот Сончев систем се вплеткале вонземјанските вселенски ласери“

„Мал дрон се соочил со шест убиствени морски кучиња во Shipwreck“

„Скорпиони на темната страна на Месечината“

Очигледно е дека GPT-3 погодил многу наслови, но не го сфаќа значењето на поединечните зборови. Ако гледаме назад низ 2020 година, можеби и некои од овие наслови и не се толку необични. Цел список со наслови може да погледнете овде