Android и iOS се шири нов spyware за изнудување пари од корисниците со уцени
Објавено на 17.12.2020 во Новости
Експертите од компанијата за безбедност на мобилните уреди Lookout откриле нова врста на spyware, кој цели исклучиво кон корисниците на iOS и Android уредите во повеќе азиски земји.
Spyware Goontact ги мами корисниците на страниците за возрасни, од каде им ги краде личните податоци меморирани на нивниот мобилен уред. Така почнуваат со уцени и изнудувања. Измамниците ги мамат жртвите на страниците со понуди за ескорт услуги, и друго. Мобилните уреди се вистински магнет за кибернетските криминалци. Како што користењето на мобилните уреди расте, така се развива и кибернетскиот криминал на iOS и Android.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.