Голема новогодишна треска со 15 бесплатни игри на Epic Games

Објавено на 17.12.2020 во Новости



Голема новогодишна треска со 15 бесплатни игри на Epic Games

Студиото за видео игри Epic Games преку нивната продавница и лаунчер ќе ги одбележат новогодишните празници со голема акција која започнува денес, а ќе трае во наредните 15 дена. 

Во овој период, секој ден по една игра ќе биде понудена бесплатно за преземање преку Epic Games Store, а се што треба да направите е да креирате бесплатен кориснички профил. 

Се очекува многу квалитетни наслови да бидат понудени бесплатно, додека пак останатите игри ќе имаат големи новогодишни попусти.