Корисниците на Apple се бесни оти немаат известувања за SMS на iPhone

Објавено на 18.12.2020 во iOs



Корисниците на Apple се бесни оти немаат известувања за SMS на iPhone

Се поголем број од корисниците имаат проблем со пораките на новите модели на iPhone. Рецензиите на почетокот за новите модели беше супер. Сега има обвинувања за неприкажување на известувања за стигнати SMS и iMessage пораки.

Пораките се примени на телефонот, но немаат никакви известувања. За да може корисникот да ја види пораката мора да влезе во апликацијата. Од друга страна, не се само iPhone корисниците, туку има проблеми и на апликациите како што се WhatsApp и Signal. Екипата во Apple е свесна за овој проблем и работи на случајот.