Кина ќе ги споделува примероците од Месечината, за САД не се сигурни

Објавено на 18.12.2020 во Новости



Кина ќе ги споделува примероците од Месечината, за САД не се сигурни

Кина ќе ги споделува примероците собрани од најновото "освојување" на Месечината преку успешното слетување на вселенското летало Chang. И други земји ќе имаат можност да прават истражувања и да имаат увид во податоците.

Од кинеската вселенска агенција посочуваат дека засега единствено со САД е можно да не бидат испратени примероци поради зстегнатите односи од администрацијата на претседателот Трамп и забраните за соработка со кинески организации.

Кина е третата светска сила која по 70-тите години од минатиот век повторно покажува амбиции за истражувања на Месечината кои треба да резултираат со постојано база и редовно испраќање на човечки екипаж, некаде за две години од сега.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: