Европа го одобри преземањето на Fitbit од страна на Google

Објавено на 18.12.2020 во Новости



Европа го одобри преземањето на Fitbit од страна на Google

Европската Комисија му даде дозвола на Google да го преземе Fitbit со исполнувањето на повеќе услови кои ќе спречат монополско дејствување од страна на гигантот за пазарот на преносни мобилни уреди како смарт часовници, алки и фитнес тракери да остане отворен и за влез на нови конкуренти.

Google исто така ги исполнил европските барања да не ги користи информациите на уреди кои се активирани на територија на Европската Унија, односно за овие корисници на Fitbit уреди нема да се собираат фитнес и виталните податоци за пласирање на подобри реклами преку Google Ads платформата.

Таргетирањето на Fitbit корисниците преку Google Ads ќе биде забрането во наредните 10 години, а по истек на овој рок повторно ќе се разгледува случајот на Google со онлајн рекламирањето базирано на податоците на корисниците.