Twitter воведува гласовни твитови преку Spaces
Објавено на 19.12.2020 во Новости
Twitter развива сосема нов сегмент на социјалната платформа кој ќе се нарекува Spaces и ќе биде фокусиран на објавување на гласовни твитови.
Според најавата на Twitter идејата е корисниците да може да се изразат на различен начин од досегашниот сметајќи дека гласовната порака ќе има сосема различен ефект и некој полесно ќе може да се одрази со интонација и контекст на кажаното.
Од Twitter велат дека Spaces го замислуваат како свечена вечера каде не секој се познава од претходно, но може да се води возбудлив и интересен разговор.
Spaces функцијата засега е во тест фаза и не масовно достапна.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.