Американки ќе се истепаа до смрт за Playstation 5

Објавено на 20.12.2020 во Новости



Американки ќе се истепаа до смрт за Playstation 5

Додека трае празничната сезона во САД и големите маркети нудат бројни шопинг акции многу често доаѓа до кавги и судир меѓу корисниците бидејќи производите на промоција се ограничени.

Некогаш овие судири може да бидат и фатални. Во маркетот Walmart во Северна Каролина две американки влегоа во тешка конфронтација за Playstation 5 чии примероци се речиси целосно распродадени и тешко е да се најде да се купи во продавница.

По вербалната расправија двете жени тргнаа да се тепаат додека присутните воопшто не се обидоа да ги раздвојат, туку само коментираа и снимаа со мобилните телефони. 

Едната заврши со потешки повреди на главата откако доби силни удари, како и газење по главата со нога од нејзината противничка што можеше да заврши и смртоносно. Полицијата ќе поднесе пријави против учесничките во инцидентот. 

 

Bruh