Најмладиот YouTuber кој заработува 30 милиони продолжува да доминира

Објавено на 20.12.2020 во Новости



Најмладиот YouTuber кој заработува 30 милиони продолжува да доминира

Деветгодишниот Рајан Каџи продолжува веќе трета година по ред да доминира на топ листата на јутјубери кои најмногу заработуваат и е најмлад меѓу нив.

Малиот Рајан со сите негови канали заработил вкупно 30 милиони американски долари годишно и е многу поуспешен од другите јутјубери пред се поради бројните договори за рекламирање и содржини.

Рајан најчесто прави рецензии за играчки и содржини за деца. Наскоро ќе биде дел и од телевизискиот канал Nickelodeon и има "сопствена" линија на играчки за деца процената на околу 200 милиони долари како бренд.