Малиот потрошил над 16.000 долари од сметката на мама на iPad

Објавено на 20.12.2020 во Игри



Малиот потрошил над 16.000 долари од сметката на мама на iPad

Џесика Џонсон од САД е само уште еден од примерите со родители што им даваат телефони и таблети на децата без надзор. Apple и Google им овозможиле алатки на родителите што се со деца, со кои може да го ограничат и надгледуваат користењето на уредот.

Оние што не се придржуваат до правилата за надзор, се шокираат кога ќе ја погледнат сметката и ќе забележат дека децата им ја исцедиле сметката. Џонсон не знаела од што е празна сметката, затоа што таа не ги направила лично тие трансакции, а мислела дека станува збор за грешка или измама, па така го пријавила тоа на својата банка. 

Банката ги прегледала нејзините трансакции и одговорила дека не станува збор за измама и дека тие податоци за нејзината сметка не се украдени. Имено, не се забележани никакви сомнителни активности. Кога покрај трансакцијата ја видела иконката на Sonic Games, и станало јасно дека за купувањето е виновен нејзиниот 6-годишен син. Тој потрошил над 16 илјади долари на “Sonic Forces” играта.

Се разбира, Apple не ја прифаќа вината, затоа што мајката е таа што требало да го контролира детето, а парите се веќе потрошени и употребени за целите на играта.